дома Македонија Заев: Ме боли душата за секој што остана без работа

Заев: Ме боли душата за секој што остана без работа

Премиерот Заев порача дека неосновани се критиките од ВМРО-ДПМНЕ за новиот пакет економски мерки и посочи дека нема шанса за соработка со Христијан Мицкоски, бидејќи како што рече, тој „разговара за да не се договара“

Пакетот на антикризни мерки е за добробит на граѓаните и за да ја спасиме економија. Не е се за критика, нешто е за поддршка, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Стар коментирајќи ги обвинувањата на опозицијата за четвртиот пакет мерки за справување со последиците на ковид- кризата.

„Мерките беа вистински дизајнирани да помогнат да сочуваат работни места. Знаете опозицијата викаше дека ќе има 140 000 нови невработени, 12 300 се, ама ме боли душата за секој човек од тие 12 300. Сега во новиот пакет мерки велиме – вратете ги луѓето, аплицирајте за помош, се со конечна цел да мотивираме. Сите пари што ги пуштаме се за граѓаните – дали се работници, дали приматели на социјална помош, пензионери, пасивни баратели на работа и слично сето тоа е да го одржиме економскот живот во тешко време со солидарност. Главната порака е дека државата е тука“, рече Заев.