дома Македонија Заев: Мнозинството во Парламентот е стабилно

Заев: Мнозинството во Парламентот е стабилно

Заев тврди дека мнозинството во Парламентот е стабилно и оти со добри политики и дијалог очекува тоа само да расне, а никако да опаѓа. На дел од пратениците, како што најави, планира да им понуди раководни места во државата.

– Верувам дека во следните неколку дена, Собранието ќе направи верификација на мандатот на следниот пратеник на листата по Јагода Шапхапска за да оформената коалиција од 62 пратеника ја потврдиме комплентно. Имам намера на дел од пратениците кои се избрани да им понудам раководни места во државата така што контиунирано согласно законот следните пратеници на листата ќе влезат во Парламентот, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања.