дома Актуелно Заев најави бркање на 30 илјади административци

Заев најави бркање на 30 илјади административци

Доколку Зоран Заев ја формира Владата, најави намалување на вработените во јавната администрација. Тој истакна дека доколку успее да формира Влада 20 проценти од вработените во државниот сектор ќе останат без работа, односно 30 илјади административци.

-Идните фактори во идната влада ќе мора да се посветени и на силна реформа на јавната администрација, но и промена за намалување на администрацијата за 20 проценти, помал број министри и поголем број и побрзи услуги за граѓаните, вели Заев.

Во услови на светска пандемија, рецесија, сериозна економска криза, покачување на трошоците за живот како поскапување на струјата овие наши сограѓани кои ќе останат без работа ќе се соочат со сериозни предизвици.