дома Актуелно ЗАЕВ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГО ПАРТИЗИРА СУДСТВОТО: Владеење како неговиот ментор Црвенковски

ЗАЕВ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГО ПАРТИЗИРА СУДСТВОТО: Владеење како неговиот ментор Црвенковски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев уште еднаш најави дека доколку биде премиер, судството ќе биде партизирано со кадри од неговата партија, исто како во транзицијата.

Тој во интервју за Радио Слободна Европа, изјави дека следува распуштање на судството и реизбор.

– Ветивме и чиста ни е состојбата по ова прашање – распуштање на судството и негов реизбор, изјави Заев.

Ова би значело дека на местото на сегашните судии би дошле нови, но овој пат партиски кадри кои ќе работат исклучиво во интерес на СДСМ и нивните послушници.