дома Економија ЗАЕВ НАЈАВИ ЗАБРАНА ЗА ГРЕЕЊЕ НА ДРВА, ЈАГЛЕН И МАЗУТ: Кој нема...

ЗАЕВ НАЈАВИ ЗАБРАНА ЗА ГРЕЕЊЕ НА ДРВА, ЈАГЛЕН И МАЗУТ: Кој нема да плати за струја, ќе си мрзне!

Забрана на дрвата, на мазутот, на јагленот се мерките кои ќе ги предложи Владата против енормното загадување. Иако мерните станици покажуваат дека во Скопје, Битола, Тетово и други градови зголемено и повеќе од дозволеното присуство на ПМ10 честички има и во летниот период, според Заев повеќе од 90% причината за загадувањето се токму граѓаните и нивниот начин на греење.

Заев во вчерашното гостување во МРТ најави дека во среда ќе има специјална седница на Буџет, за носење на Буџетот на Влада, додека редовната е во вторник. На таа седница покрај Буџетот ќе има претходна точка и животна средина каде што најмногу ќе алудираат на воздухот, целта е за првпат им е да издвојат посебна програма во Буџетот за животна средина и да канализираме средства дел од постојните буџетски програми и дел да додадат одредени средства.

Заедно со министерот ќе ги релоцираат средствата, ама и другите министерства да покажат капацитетност.

-Знаете дека загадувањето доаѓа од затоплувањето односно од загревањето на домовите. И тоа е преку 91 или 92% тука се причините. Трајното решавање е со гасификацијата и со други инструменти. Дел од дебатата ќе биде забрана на дрвата, на мазутот, на јагленот после 5-6 години, веројатно такви одлуки ќе мора да носиме -истакна Заев.