Заев: И на ЕУ и на Бугарија треба да им е јасно, знаејќи ме какви политики водам, дека сега е моментот да се изнајде решение

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе направам се да се изнајде решението со Бугарија, ако не се најде сега, не верувам дека ќе се најде во 2022 година. Меѓу 14 декември и 15 јануари е периодот кога може да се одржи Советот за општи работи. Тоа е можност да се исчекори напред и, конечно, по 16 и пол години да почнеме преговори. Во прашање се недели, рече Зоран Заев.

Смета дека ова е значаен период што бара поголема одговорност и дека е потребно стабилно мнозинство и Влада што со влезот на Алтернатива е обезбедено.

– Лично мислам дека треба да им е јасно и на Бугарија и на Европа, дека во најмала рака неизвесноста после мене е поприсутна затоа што ме знаат каков сум, какви политики водам и кон што тежнеам и затоа кажувам дека е ова најпозитивен период да се изнајде решение. За мене најважно во државата е евроатлантскиот пат и ова што е почнато со Бугарија. На крајот сме, во фотофиниш, и не може вака да се остави. Јасно е утврдена целта кога тоа може да се заврши, следува период кога Франција ќе претседава и изборите кои таму ќе бидат напролет, така што мал е периодот да се најде прозорец за решение на спорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија, истакна Заев одговарајќи на новинарски прашања по потпишаниот договор за соработка со лидерот на Алтернатива Африм Гаши.

Горд е, рече и на одлуките што ги донел во изминатиот период и верува дека и народот е убеден дека тоа вистинскиот пат и нема друг по кој државата може да се интегрира во ЕУ и во НАТО.

– А секако и да се интегрираме дома. Тие одлуки имаат и своја тежина, додаде Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This