дома Македонија Заев на средба со претседателот на Франција, Макрон

Заев на средба со претседателот на Франција, Макрон

Hа 10 јуни 2021 година (четврток) претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев ќе оствари работна средба во Париз со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Во рамки на посетата, со која се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, ќе се оствари и работна вечера со претседателот на Франција, Макрон.

Дел од владината делегација се и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.