дома Македонија ЗАЕВ НЕ ГО ДАВА: Ново paзвлекување на пocтапката за потврда на разpeшувањето...

ЗАЕВ НЕ ГО ДАВА: Ново paзвлекување на пocтапката за потврда на разpeшувањето на Јово Вангеловски

Врховниот суд денеска на општа седница не успеал да донесе одлука по барањата на Јово Вангеловски и на Рахилка Стојковски за изземање на целиот состав на советите кои решаваат за нивните жалби на одлуките за разрешување од Судскиот совет, велат упатени извори за „360 степени“. В.д. претседателот на Врховен, Фаик Арслани, не одговара на нашите повици за официјално да ја потврди оваа информација и да ја информира јавноста за причините поради кои врховните судии не успеале да се произнесат.

Отсуството на одлука од денешната општа седница на Врховен значи ново развлекување на постапката за евентуална потврда на разрешувањето на Вангеловски и Стојковска. Судскиот совет на 10 септември 2019 година ги разреши двајцата врховни судии поради нестручно и несовесно постапување при носењето на одлуката за укинување на притворот на Сеад Кочан додека тој беше во бегство. Спорната одлука е од мај 2017 година.

Според последните измени на Законот за Судскиот совет, одлука за разрешување судија носи Судскиот совет, на што засегнатиот судија има право на жалба до Совет за жалба што се формира при Врховниот суд. Од 9 члена на Советот за жалба, тројца се врховни судии, двајца се судии од судот од кој потекнува засегнатиот судија, а уште по еден член се делегира од четирите апелациски подрачја – скопско, гостиварско, битолско и штипско. Во случајот со Вангеловски и Стојковска, тоа значи дека петмина од деветтемина членови во жалбените совети се врховни судии.

Извор: 360