ЗАЕВ НЕ ДОДРЖА, ОТКРИ ШТО ПОДГОТВУВА: Ја најави пресудата која што самиот ја нарачал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев не додржа, а да не ја најави пресудата која што самиот очигледно ја нарачал. Заев во одговор на новинарски прашања денес кажа дека може да се очекува пресуда за Груевски. Заев кој не е ниту судија, ниту обвинител, туку политичар кој по сила на закон не смее да има допир со извршната власт не почитувајќи ја презумпцијата на невиност, го прогласи Груевски за виновен, пишува Република.

Скандалозно е премиер да најавува пресуди и да ги повикува граѓаните да гледаат. Имено Заев во одоговор на новинарско прашање денес рече:

-Не може да постои неказнивост за никого, да не постојат казни и санкции за секој оној што се огрешил во однос на законот. Ова е мојот одговор на оние што велат дека сум се договорил со Груевски за неговата неказнивост. Отворете ги ушите и наслушувајте: ќе се случи правдата, нема да има ниту еден компромис, мора да има одговорност, па нека е и од свети СДСМ.

Дури и судија кој размислува непристрасно и независно од политичкиот центар на моќ, после ваква порака од Заев, ќе биде исплашен и ќе мора да му ја исполни желбата на Заев. Завршните зборови за предметот „Тенк“, е закажан за 14 мај, очигледно е дека Заев ја знае пресудата и ја објавува неколку дена однапред. Иако предметот е кристално чист во корист на Груевски, со целосно потврдена теорија на случајот од страна на сведоците и на одбраната и на СЈО, кои дадоса изјави кои ги поткрепуваат тезите на Груевски и обвинетите.

СЈО и судот се под целосна политичка контрола. Испорачуваат се што ќе им биде нарачано, тоа го видовме и во предизборието кога Заев од митинзи најавуваше дека ќе има обвиненија за неговите политички противници.

И додека СЈО игра по нотите на Заев и самиот Заев е задоволен. Од ВМРО-ДПМНЕ преку партиски соопштенија прашаа колку е цената на едно нарачено обвинение, против челниците на таа партија.
„Цената ја откри Зоран Заев. Цената е предлагање на сестра на специјалниот јавен обвинител Катица Јанева за заменик-претседател во Комисијата за хартии од вредност. Цената е вработување на нејзини внуци и роднини на нејзиниот тим во СЈО“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Медиумите пишуваа и дека во спрега со Заев  е и Добрила Кацарска, судија во кривичниот суд во Скопје,  на која според гласините кои се шираат и е ветено место претседател на скопска Апелација, за да го осуди Никола Груевски.

Новинарот Саше Димовски, кој што важи за добар познавач на состојбите во судството во текст за порталот Сведок пишува дека се сѐ погласни шпекулациите дека Добрила Кацарска ќе биде новиот претседател на Апелација, затоа што ќе биде првата судијка која ќе го осуди Груевски.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This