дома Македонија ЗАЕВ НЕ ПИЕШЕ КАФЕ: Прва средба на Заев со Пендаровски по неговата...

ЗАЕВ НЕ ПИЕШЕ КАФЕ: Прва средба на Заев со Пендаровски по неговата инаугурација

Претседателот Стево Пендаровски денеска имапе средба со премиерот Зоран Заев во Вилата на Водно. Како што соопшти кабинетот на претседателот, на средбата премиерот Заев упатил честитки за стапувањето на функцијата и му посакал успешна работа на претседателот Пендаровски.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во државата и за идната соработка меѓу двете институции. Претседателот Пендаровски и премиерот Заев се заложија за конкретна и суштинска соработка меѓу Претседателот и Владата со цел обезбедување на севкупниот напредок на земјата и реализирање на стратешките цели – членство во Европската унија и во НАТО.Претседателот и премиерот ја нагласија потребата за усогласен и заеднички настап на меѓународен план и интензивирање на реформските процеси во државата со цел остварување на европските и евроатлантските перспективи на Република Македонија и подобрување на животниот стандард на граѓаните, се вели во соопштението.

Ова е прва средба на Заев со Пендаровски, по неговата инаугурација за петти претседател на земјава. Заев не присуствуваше на инаугурацијавата бидејќи користеше одмор. Тој преку видео -порака му порача на Пендаровски дека наскоро ќе се видат и дека ќе го испијат првото кафе како премиер и претседател.