дома Македонија ЗАЕВ НЕ СЕ СЕЌАВА: Пријавил за “Рекет”, ама заборавил дали потпишал записник

ЗАЕВ НЕ СЕ СЕЌАВА: Пријавил за “Рекет”, ама заборавил дали потпишал записник

Најпрво не можеше да се сети дали потпишал записник, за Зоран Заев потоа да се сети на наводниот точен датум кога го пријавил случајот „Рекет“, 22 апри. Екс премиерот во дебата со Христијан Мицкоски, најпрво не можеше да се сети дали постои записник за пријавувањето на најголемата криминална афера во историјата на Македонија за потоа да каже дека тоа го направил само разговороно.

Зоран Заев повторно се премисли и имаше скандалозно признание дека и посочил на Вилма Русковска како да го раководи случајот „Рекет“ во директна конверзација со обинителката.

-Имате пријавување на случаеви каде што се укажува дека има криминал, ве молам да си повикате луѓето тие и тие па да ви дадат искази на записник, вели Заев/

-Вака ли го ослободивте обвинителството и судството по телефон, запраша Мицкоски

-Не не директно во разговор на состанок, вели Заев.

-Корпус деликти е лист хартија потпишан господине Заев од обвинител, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак останува фактот дека записник за наводното пријавување нема, а Заев нема ниту добра историја со говорење на вистината, па се остава на јавноста да пресуди.