дома Политика ЗАЕВ НЕ УСПЕА КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ: Сега се труди да ги излаже Албанците...

ЗАЕВ НЕ УСПЕА КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ: Сега се труди да ги излаже Албанците – веќе никој не му верува!

Заев не успева да ги излаже Македонците, па сега се обидува да ги излаже Македонците. На Заев веќе никој не му верува, истакна носителот на петата изборна единица Антонио Милошоски на митингот во Охрид. Тој вели дека очекува победа како во 2014 година и за сите места од овој регион има конкретни проекти.

Тој потсети дека ветеното се остварува.

– Она што го ветивме и го остваруваме, се гради автопатот Кичево-Охрид, а ќе се гради и Гостивар-Кичево. Досега се броеја фабриките што ги затвори СДСМ, а сега има реални фабрики во кои работат луѓе. Затоа е подобро да имаме стабилна Македонија, отколку политички кризи – рече Милошоски.

На митингот во Охрид се собрани повеќе илјади граѓани од целиот регион. Се веат партиски знамиња, како и македонски знамиња. На насобраните им се обратија кандидатите од петтата изборна единица.

– На 11 декември сите ние заедно, секој од нас поединечно треба да му ги спакуваме куферите на лидерот на опозицијата. Затоа што таа политика го загрозува мирот, мирниот живот на граѓаните – рече во своето обраќање пред граѓаните на митингот во Охрид лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ која е дел од „Коалицијата за подобра Македонија“.