April 20, 2024, 12:57 am

Заев објасни како настанал пожaрот во „Глобал“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Има информација дека системот на хидрофори кој треба да обезбеди брза и навремена реакција, не бил во функција, за што се понесува одговорност. Дали имате информација дека навистина било така, беше запрашан премиерот Зоран Заев за време на гостувањето во дневникот на Сител.

Јас го оставам тоа на истрагата. Премиер не треба да коментира вакви случаи, зошто може да влијае на истрагата, зошто бев таму и разговарав со пожарникарите, со дуќанџиите. Цевка една која што влегува внатре на пазарот на хидрофорскиот систем била пукната порано, но целиот довод на хидрофорскиот систем, боците, сето тоа таму било присутно. Она што го знам од командирот на противпожарната станица, вика во првиот момент кога влеговме таму, двајца пожарникари се онесвестија. Немаше пристап, бидејќи пожарот избувнал во средината на пазарот, па се проширувал по околните дуќани. Целиот дел на топлината, на оганот бил токму од внатре, посебно зошто во тој дел биле патиките, кондурите, работи кои што имаат гума и таа топлина го има пробиено кровот на четвртиот спрат. Никој немал пристап до хидрантскиот систем.Очекувам да каже истрагата. Благодарност до пожарникарите, вработените во водовод. Добро е што нема човечки жртви. Сега треба да се покаже солидарноста. А Глобал е симбол на модерна европска Струмица, тој ќе се возобнови и воздигне од пепелта – рече Заев

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This