дома Актуелно ЗАЕВ ОД УТРЕ Е НЕВРАБОТЕН: СДСМ прифаќа Наќе Чулев да биде технички...

ЗАЕВ ОД УТРЕ Е НЕВРАБОТЕН: СДСМ прифаќа Наќе Чулев да биде технички министер во МВР

За владејачката СДСМ прифатлив е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев да биде технички министер во министерството за внатершни работи. Како што соопштуваат од партијата, Чулев не е униформирано лице и против него нема покренато обвиненија, со што се исполнети уставните критериуми.

Со овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април, соопштија од СДСМ.

Техничката влада во собранието ќе се гласа во текот на утрешниот ден.