дома Македонија ЗАЕВ ОСТАНУВА БЕЗ ГАШИ: Владеачката Алтернатива сака да коалицира со опозициската Алијанса

ЗАЕВ ОСТАНУВА БЕЗ ГАШИ: Владеачката Алтернатива сака да коалицира со опозициската Алијанса

Новинарот Арбен Раткоцери во вечерашната дебата во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат, возврати на изјавата на лидерот на партијата Алтернатива, кој рече дека е заинтересиран за коалицијата со партијата на Зијадин Села, запрашувајќи го како би можело да изгледа една предизборна кампања ако неговата партија, којашто е дел од власта, влезе во предизборна коалиција со опозициската Алијанза за Албанците на Зијадин Села.


„Ме интересира. Алтернатива моментално е на власт, значи е во коалиција со ДУИ, намерно го спомнувам ова, и со СДСМ. Не знам јас во кампања…ако правите коалиција со албанските опозициски партии, не знам како ќе личи таа кампања ако вие ја нападнете ДУИ или актуелната Влада, што и на почеток на емисијата спомнавте…не сакам да навлезам во тоа дали имате право или не, можеби и сте во право, нема дилеми, но не знам како ќе се сфати сериозно ова кај гласачите. Вашата позиција е тешка и во Влада, додека сте во Влада ги црпите добрата, а во меѓувреме сакате да изгледате како да сте опозиција“, рече Раткоцери.