дома Македонија ЗАЕВ ПАК И3ЛAЖA: Размена на споменици сепак ќе има!

ЗАЕВ ПАК И3ЛAЖA: Размена на споменици сепак ќе има!

Премиерот Зоран Заев во својот вчерашен краток разговор со новинската агенција Франс Прес, меѓудругото, сепак откри дека постојат контакти помеѓу официјално Скопје и официјална Атина за размена на споменици и други дела кои во земјата асоцираат на хеленската култура од античкиот период.

Има иницијативи за институционална размена на споменици, „како размена на подароци меѓу две пријателски земји”, додаде тој, без да го објасни дополнително својот одговор.

Според Преспанскиот договор, од Скопје се бара да го преиспита статусот на спомениците кои потекнуваат од грчката историја. Говорејќи за АФП, Заев рече дека метални плакати ќе бидат поставени пред некои локации за да „појаснат дека тоа е дел од глобалното културно наследство“.

Пред еден месец Владата во Скопје и грчката министерка за култура Мирсини Зорба ја дeмантираа информација објавена во грчките медиуми, според кои споменикот „Вoин на коњ“ би заминал за Атина, а атинскиот „Тркач“ да пристигне во Скопје. Оваа информација за медиумите ја објави скулпторот на „Тркачот“ Костас Вароцос.