дома Македонија ЗАЕВ ПАК „TPOПHA“: Со новиот буџет ќе инвестираме 154 милиони милијарди

ЗАЕВ ПАК „TPOПHA“: Со новиот буџет ќе инвестираме 154 милиони милијарди

Дека географија не му оди тоа е јасно, не погодија ниту едно знаме, но со новиот гаф премиерот докажа дека не стои најдобро ниту со бројките и математиката.

Собранието го усвои Буџетот за 2020 година! Со овој буџет инвестираме, највисоки досега, 154 МИЛИОНИ МИЛИЈАРДИ денари во човечкиот капитал – во здравството, во образованието, во социјалната грижа. Со вложување во луѓето и во подобрување на нивната продуктивност, директно придонесуваме кон посилен економски раст и развој. Ова е трет буџет на оваа Влада, со кој продолжуваме јасно да ги отсликуваме вредностите кои ги негуваме – транспарентност, отвореност и чесност, во интерес на сите граѓани. #Буџет2020, пишува на официјалната Фејсбук фан страна на Зоран Заев.

Откако виде што глупост напишал го промени текстот и го избриша зборот милиони.