дома Македонија ЗАЕВ ПОВТОРНО СЕ ДЕМАНТИРА САМ СЕБЕ: Негира прес-конференција која лично тој ја...

ЗАЕВ ПОВТОРНО СЕ ДЕМАНТИРА САМ СЕБЕ: Негира прес-конференција која лично тој ја држеше

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев негира дека му се заканувал на поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, ден по немирите во Собранието кои се случија на 27 април 2017 година.

-Што сум кажал?! Тоа апсолутно не е точно – рече Зоран Заев, откако неговиот противник Христијан Мицкоски му посочи дека уште на 28 април 2017 година му се заканил на Чавков посочувајќи му да бега што подалеку.

Новинарски тим на Канал 5, организаторот на вечерашната дебата најави дека ќе ги испитува фактите. Дали ќе го испитаат и овој факт?

Видеото од прес-конференцијата на Заев од 28 април 2017 година докажува дека Заев се закани:

Очекувам Митко Чавков од МВР веднаш да даде оставка и нека бега подалеку.