дома Македонија ЗАЕВ: Поддршката за името Северна Македонија порасна од 17 на 67 отсто...

ЗАЕВ: Поддршката за името Северна Македонија порасна од 17 на 67 отсто кај граѓаните

Лани пред потпишувањето на Договор со Грција анкетите покажуваа дека поддршката за името С. Македонија беше само 17 отсто, а сега според некои анкети таа поддршка е до 67-68 отсто кај граѓаните на С. Македонија, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Клан Македонија.

Според Заев оваа поддршка за новото име на граѓаните на Македонија е поради тоа што тие ги почувствувале благодетите од евроатлантските интеграции, за што се бараше промена на уставното име на Република Македонија.