дома Политика ЗАЕВ ПОТВРДИЛ ДЕКА ЌЕ ИМА РЕКОНСТРУКЦИЈА: На ЦО на СДСМ се зборувало...

ЗАЕВ ПОТВРДИЛ ДЕКА ЌЕ ИМА РЕКОНСТРУКЦИЈА: На ЦО на СДСМ се зборувало за реконструкцијата, но не се спомнале имиња

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев вечерва на состанокот на Централниот одбор на партијата ја потврди реконтрукцијата на Владата, но пред членовите на највисокиот партиски орган не ги прецизирал министерствата што ќе бидат зафатени од неа.

На четиричасовниот состанок, како што потврдија за МИА извори од партијата, Заев не говорел за евентуалното коалицирање со БЕСА.