дома Актуелно ЗАЕВ ПОЧНА ДА ОДИ И ПОД ДНОТО:Очајниот Заев нарача притисоци и напади...

ЗАЕВ ПОЧНА ДА ОДИ И ПОД ДНОТО:Очајниот Заев нарача притисоци и напади врз судот 

Очајниот опозициски лидер Зоран Заев нарача притисоци и напади врз Основниот суд Скопје 1, каде што треба да му се суди за случајот „Пуч“.

Во текот на ноќта, хулиганите од платеничката револуција на СДСМ/Сорос го вандализираа и Основниот суд Скопје 1 каде што на Заев треба да му се суди за случајот „Пуч“, а хулиганите треба да одговараат за милионските штети кои ги направија со нивното дивеење.

Од страна на судската полиција, утринава е пријавено дека од страна на булевар „Гоце Делчев“ е извршено оштетување на приземјето и првиот спрат од Основниот суд.

Според информациите, во текот на денов ќе бидат прегледани снимките од безбедносниот видео надзор за утврдување на сторителите кои стојат зад најновиот вандалски чин во режија на СДСМ/Сорос.

Од Министерството за внатрешни работи за КУРИР го потврдуваат настанот.

-Пријавено е во 7:20 часот за судска полиција, дека од страна на булевар „Гоце Делчев“ било извршено оштетување, поточно фарбање со боја на приземјето и дел од првиот спрат на зградата на Основен суд Скопје 1, велат од МВР.