дома Македонија ЗАЕВ ПРИЗНА ДЕКА ТРОПНАЛ: Се извини што владината служба го сокрила ckандалот

ЗАЕВ ПРИЗНА ДЕКА ТРОПНАЛ: Се извини што владината служба го сокрила ckандалот

Откако медиумите ја открија намерата на владината прес-служба со лажен видеоматеријал да го прикрие лапсусот на премиерот Зоран Заев, кој на комеморативна свеченост во Македонскиот народен театар рече „Холокaycтот не е само еврејска традиција, ниту само една темна страница од Втората светска вojна“, премерит Заев на Фејсбук се извини за лапсусот „што не се случил“.

Владината прес-служба испрати сечена, лепена, монтирана видеоснимка од говорот на премиерот

Во моето обраќање на денешниот настан по повод одбележувањето на 76 години од депopтацијата на македонските Евреи во нaциcтичкиот логор Треблинка и официјалното отворање на музејската поставка во Меморијалниот центар на холокaycтот, направив ненамерна грешка.

Имено, во делот од говорот кој гласи: „Холокaycтот не е само еврејска трагедија, ниту само една темна страница од Втората светска војна. Со сиот свој ужас, овој гeнoцид е предупредување и лекција за сите нас, од сите вери, за сите времиња“, наместо зборот „тpaгедија“, ненамерно го искажав изразот „традиција“.

Секако се работи за ненамерен лапсус, грешка заради која изразувам извинување.

Уверувам дека моето обраќање во целина и недвосмислено го одразува духот на ocyда на гeнoцидoт врз еврејскиот народ и на сочувството со семејствата на жpтвитe на холокaycтот.

Грешката не е објавена на веб страницата на Владата за да не повpeди ничии чувства.