дома Актуелно ЗАЕВ ПРИФАТИЛ ДВОЈАЗИЧНИ АМБЛЕМИ ЗА ВОЈСКАТА И ПОЛИЦИАЈТА: Од ДУИ потврдија дека...

ЗАЕВ ПРИФАТИЛ ДВОЈАЗИЧНИ АМБЛЕМИ ЗА ВОЈСКАТА И ПОЛИЦИАЈТА: Од ДУИ потврдија дека Заев прифатил албанизирање на полицијата и војската!

Амблемите на војската и полицијата ќе бидат двојазични во општините каде што Албанците се над 20% и во градот Скопје.

Ова вечерва во емисијата „24 Анализа“ го изјави портпаролот на ДУИ Бујар Османи.

Османи и потврди дека со СДСМ е договорено и банкнотите да бидат двојазични.

-Тоа е предвидено во драфтот кој што е одобрен од Претседателството.Стои во усогласениот текст на предлогот законот со СДСМ, рече Османи.