Освен прифатените „решенија“ за двојазична држава, двојазични валути, промена на името, химната, грбот и знамето, Заев во рамки на албанската платформа прифатил и „интегрирано управување на границите“ со Албанија и Косово
Според советничката на екс-премиерот Георгиевски, Емилија Гелева се работи за класичен обид за бришење на границите со концепт оригинално презентиран од НАТО во 2001-ва.
[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]
Тоа беше првиот обид на НАТО за правење „Голема Албанија“, со манипулативни документи. Мислеа дека носејќи го Бранко Црвенковски на власт, во септември 2002, ќе успеат уште не влезен во кабинетот набрзина да го „сматат“ документот. Роберт Сери, уште не прогласени официјално резултатите од изборите на 16-ти Септември во Скопје се сретна со Црвенковски и потоа изјави дека договориле одржување конференција за „интегрално гранично управување“. Ама, новиот премиер беше навреме запознат со претходната оценка за иницијативата и се одржа некаква „квази“ конференција без завршна декларација.
Така што, ова е трет обид на НАТО по 15 години да ја прави Голема Албанија и тоа сега преку „тиранската платформа“ што на Заев му ја поттурија како „кукавичко јајце“ а тој прифати се во неа, дури и она што (не само јас како советник на Георгиевски) туку и еден Црвенковски не му „одработи“ на НАТО пред 15 години.
Значи, нема дилеми кој е „автор“ на „тиранската платформа“….тоа е соросоидното, неолиберално НАТО во кое се уште не се има ефектуирана и вистински одразена промената на власта во Вашингтон, и чиј Генерален секретар си дозволува на Претседател на една држава да му праќа пораки кому да му го даде мандатот за состав на влада. Како впрочем ниту во Брисел, кадешто се уште „пируваат“ соросоидните бирократи Хан, Могерини итн. Промените во ЕУ ќе бидат поочигледни веќе во март по изборите во Холандија и во мај по претседателските во Франција. – вели Гелева[/kopa_block_quote]