дома Македонија ЗАЕВ ПРОДОЛЖУВА СО СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗЈАВИ: Сестрата на Катица Јанева е од посебно...

ЗАЕВ ПРОДОЛЖУВА СО СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗЈАВИ: Сестрата на Катица Јанева е од посебно семејство, како да и кажете дека не смее да конкурира?

Премиерот Зоран Заев не гледа ништо спорно во владиниот предлог Лиле Делиџакова, сестра на специјалната обвинителка Катица Јанева, да биде назначена за член на Комисијата за хартии од вредност.

© AP Photo/ Darko Vojinovic

Заев, одговарајќи на новинарско прашање по денешното рочиште за „Поткуп“, кажа дека сестрата на Јанева е посебно семејство и не смее да му се забрани на ниту еден граѓанин да биде избран на некоја позиција, само затоа што е член на семејство на истакната личност.

„Сестра на специјалниот обвинител конкурирала, поднела документи. Како да му кажеме на тој граѓанин: ’Извинете, немате право да бидете на некое место, позиција, а ги исполнувате условите‘. Тоа е посебно семејство. Зарем не смеат семејствата на некои истакнати личности да конкурираат или да бидат кандидати за нешто. Ги бираме кандидатите согласно условите што ги исполнуваат. Ние сме само предлагач, конечната одлука ја носи парламентот“, изјави Заев, кој кажа дека отпосле дознал дека предложената кандидатка е сестра на обвинителката.