дома Македонија Заев: Рyдapcтвoтo e eдeн oд главните двигaтeли на eкoнoмиjaтa, пpoдoлжуваме со paзвој...

Заев: Рyдapcтвoтo e eдeн oд главните двигaтeли на eкoнoмиjaтa, пpoдoлжуваме со paзвој на oвoj ceктop

Рударството е еден од главните двигатели на нашата економија. Со преку 100 активни рудници, заедно со придружните дејности што го опслужуваат, овој сектор вработува околу 10 000 луѓе и учествува со нешто повеќе од 10 проценти во вкупното индустриско производство на Република Македонија, напиша попладнево премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.

Честитајќи им го денот на рударите, Заев најави дека заеднички ќе продолжат да работат на унапредување и развој на овој значаен сегмент од економијата.

– Во име на почитта и признанието за тешката работа на рударите, оваа Влада го исполни нивното долгогодишно барање за намалување на старосната граница за пензионирање и исправи една голема неправда. Со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, сега рударите наместо на 58, правото на пензија можат да го остварат на 50 години. Продолжуваме заедно да работиме на унапредување и развој на рударскиот сектор кој учествува како важен сегмент во напорите да изградиме силна економија којашто ќе отвора шанси за сите, вели Заев во честитката.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.