дома Социјални Мрежи ЗАЕВ САКА ДА УKPAДЕ 100 ДЕНА ВЛАСТ: За избори во Октомври, Пржинска...

ЗАЕВ САКА ДА УKPAДЕ 100 ДЕНА ВЛАСТ: За избори во Октомври, Пржинска треба да се формира во Јули

Согласно Уставот на РМ член 63 став 3 „Изборите за пратениците во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштање на Собранието“.

Следствено, бидејќи мандатот на овој пратенички состав започна на 30 декември 2016 година, значи дека секој термин за избори после 1-ви октомври 2020 година е термин за редовни избори. Во таква ситуација важат и се применуваат правилата од Изборниот законик како за редовни избори. Тоа значи дека избори ќе распише Претседателот на Собранието и тоа без да го распушти Собранието.

Изминативе денови, а и денес, гледаме дека премиерот прави класично спинување со терминот предвремени избори во октомври 2020 година. Заев повторно се обидува да ја изманипулира јавноста, бидејќи во октомври следуваат редовни избори, без распуштање на собранието, а не предвремени како што тој се обидува да и наметне на јавноста. Заев со ова се обидува да избегне Пржинска влада, бидејќи се плаши од 100 дена во кои ќе нема контрола над институциите.