April 25, 2024, 12:04 pm

Заев: СДСМ ќе демонстрира највисок можен облик на внатрепартиска демократија на 21 март

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Паралелно со реформите и промените во државата, тече и процесот на промени и подобрување на СДСМ, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев при посетата на Пробиштип.

Процесот на ажурирање и активна регистрација на членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија тече одлично ширум републиката. Веќе имаме над 67.000 ажурирани членови на 4 дена до истекот на рокот, очекувам да имаме околу 70.000 членови. Она што особено радува е што кон СДСМ пристапуваат и многу нови членови. Социјалдемократското семејство е доволно големо и силно. Граѓаните ги препознаваат нашите политики, знаат дека со СДСМ е сигурно, дека со СДСМ, државата, економијата, целото општество се движат напред и затоа ја даваат довербата.Со СДСМ имаме членство во НАТО, поголеми плати, зголемена минимална плата, просечна плата, повисоки пензии, инвестиции, над 1,3 милијарди евра помош за граѓаните и економијата. Со СДСМ имаме слобода и демократија но и еднаквост помеѓу мажите и жените, нови шанси за младите.

Претседателот на владејачката партија нагласи дека во СДСМ се случуваат нови промени, а на 21 март следуваат првите, директни внатрепартиски избори.

Токму СДСМ, на 21 март, на денот на пролетта, ќе демонстрира највисок можен облик на внатрепартиска демократија, членовите на директни избори да го избираат својот претседател. Само демократски партии кои поставувата нови демократски стандарди и водат напред можат да ги движат општествата и да им служат на граѓаните, рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This