дома Македонија ЗАЕВ СЕ ПОФАЛИ НА ФЕЈСБУК: Ќе се интензивира економската соработка со САД,...

ЗАЕВ СЕ ПОФАЛИ НА ФЕЈСБУК: Ќе се интензивира економската соработка со САД, но и заложбите за безбеднocт, слобода и демократски просперитет

По средбата со вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, македонскиот премиер Зоран Заев на својот фејсбук профил напиша:

На средбата со амбасадорот Рикер го потврдивме интересот за интензивирање на економска соработка помеѓу C Македонија и САД, но и за заложбите за безбеднocт, слобода и демократски просперитет во регионот.

САД го отпочнаа процесот на ратификација на нашето членство во НАТО кој очекуваме да заврши оваа есен. За нашата земја е од исклучителен поттик поддршката на САД во нашите аспирации за членство во ЕУ.