дома Македонија ЗАЕВ СИ ЗАМИНУВА: Наредната недела СДСМ ќе решава за кадрите во техничката...

ЗАЕВ СИ ЗАМИНУВА: Наредната недела СДСМ ќе решава за кадрите во техничката влада

СДСМ наредната недела ќе одлучува и ќе ги разгледува кадровските решенија за новата техничка влада, најави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по отворањето на леарницата „Кранфилд Фаундри“ во Пробиштип.

– Намерата беше на последниот Централен одбор некаде на средината на декември да се разгледаат кадровските решенија. Јас верувам дека следната недела ќе може да зборуваме за нашите кадровски решенија – рече Заев.

Тој не прецизираше и не објави имиња кои би ја зазеле позицијата на технички премиер, но и на останатите кадровски решенија кои ќе влезат во новата техничка влада од редовите на СДСМ.