Заев: Согласно растот на економијата, растот на платите во сите сектори и растот на просечната плата, од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред денешната трибина со граѓаните во Кочани, изјави дека во овие четири години се поставени високи економски стандарди, а минималната плата е покачена на 15.200 денари.

Согласно економските движења и растот на економијата, од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра. Тоа е логична претпоставка имајќи предвид дека растат платите во сите сектори, дека расте просечната плата во континуитет. Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денари, што е за четири отсто повисока од истиот месец од претходната година, Тоа е правецот во кој треба да се движи нашата земја, нашата економија и нашето општество. За да се одржи тој континуитет, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството, треба да се избере опцијата која води напред – изјави Заев.

Тој додаде дека Кочани е важен град во источниот регион на државата, центар на македонскиот Исток и затоа е важно да продолжи по вистинскиот пат.

Општината и градот ќе се развиваат и напредуваат само со градоначалникот Николчо Илијев, со СДСМ и Коалицијата, поради што ги повикувам граѓаните да гласаат за бројот 12, за да продолжи напредокот – изјави Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This