дома Македонија Заев соопшти кои лица ќе добијат платежни картички во вредност од 6000...

Заев соопшти кои лица ќе добијат платежни картички во вредност од 6000 денари

Претседателот на Владата, Зоран Заев откако заврши седницата во Владата на прес-конференција го презентираше четвртиот пакет економски мерки.

Тој соопшти дека платежни картички во вредност од 6000 денари ќе добијат следниве категории на граѓани:

-невработени – пасивните баратели на работа,
-пензионерите кои имаат пензии до 15 000 денари
-самохрани родители
-самостојни уметници
-филмски работници
-културни работници
-естрадни уметници и
-540 студенти кои во претходниот пакет не добија платежни картички.

Исто така потенцираше и дека лицата кои имаат над 64 години, а немаат пензија исто така ќе бидат помогнати од државата.