дома Македонија ЗАЕВ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАВАДАРЦИ НАЗДРАВИ СО ВИНО: Посета на Тиквешијата која...

ЗАЕВ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАВАДАРЦИ НАЗДРАВИ СО ВИНО: Посета на Тиквешијата која го празнува верскиот празник свети Трифун –  заштитникот на лозарите и винарите

Зоран Заев денеска е во посета на Тиквешијата која го празнува верскиот празник свети Трифун –  заштитникот на лозарите и винарите.

Придружуван од министерот за земјоделство Љупчо Николовски, Заев на градскиот плоштад во Кавадарци имаше средба и со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев со кого наздрави со вино на еден од штандовите со производи од тиквешкото поднебје, посакувајќи здравје и среќа и подобри денови за лозарите и за сите граѓани на Македонија.

Заев разговараше и со лозари и жители на Кавадарци, а од најмладите од Црвен крст а  си купи и хумано срце изработено од нив за хумани цели.