дома Македонија ЗАЕВ СО МЕТЛАТА НАМЕСТО ЧИСТКА ЌЕ ГО ПРИКРИЕ НEПОТИЗМОТ ПОД ТЕПИХ!

ЗАЕВ СО МЕТЛАТА НАМЕСТО ЧИСТКА ЌЕ ГО ПРИКРИЕ НEПОТИЗМОТ ПОД ТЕПИХ!

Метлата на премиерот Зоран Заев наместо за чистка кај функционерите служи за прикривање на непотизмот под тепих, велат упатените кои потсетуваат дека Заев со изјавата дека чистка мора да има и дека функционери се препознале и понудиле признал дека во владата врие од нeпотизам.

Нeпотизмот го потврди и Антикорупциска комисија која утврди дека пратеничката Мира Стојчевска, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски и министрите Крешник Бектеши, Асаф Адеми директно влијаеле за вработување на нивните блиски во државните институции.

Истрагата на ДКСК утврди дека при вработувањата за синот на Мира Стојчевска, сестрата на министерот за култура Асаф Адеми, како и сестрата и бабата на Кирацовски, работните места и критериумите биле местени специјално за нив непосредно пред да бидат објавени огласите. Но, ДКСК исто така потврди и дека градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски за работно место во општината намерно ги сменил критериумите за да одговараат на неговата внука.