дома Социјални Мрежи Заев со поддршка за ЛГБТИ заедницата и нивната кауза

Заев со поддршка за ЛГБТИ заедницата и нивната кауза

Премиерот Зоран Заев во пресрет на втората Парада на гордоста во свое и во име на Владата ја изрази поддршката за ЛГБТИ заедницата и за каузата која, како што рече, значи еднаквост и која последните четири години слободно се манифестира во нашето општество.

-Го делам ставот дека никој не е слободен додека секој еден не се ослободи затоа што нашата заложба за „Едно општество за сите“ ќе се реализира целосно кога секој глас ќе биде слушнат и најважно од сѐ – прифатен како еднакво важен со сите други. Манифестираме европски и солидарни манири среде Балкан. Ова е нашиот нов Балкан, слободен, човечки и разновиден.Повикувам здружно да продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас, напиша Заев на Фејсбук.