дома Социјални Мрежи Заев со честитка за стапувањето на должност на Бајден

Заев со честитка за стапувањето на должност на Бајден

Премиерот Зоран Заев им го честита стапувањето на должност на претседателот на САД, Џо Бајден и на потпретседателката, Камала Харис.

Им посакува мандат исполнет со успешни политики кои обединуваат и мандат, како што вели во објава на Фејсбук, во кој е сигурен дека американската демократија ќе биде глобален пример што инспирира.

Претседателе Бајден, се радувам на времето пред нас во кое верувам дека ќе го продлабочиме сојузништвото меѓу Македонија и САД, како и блиските врски и пријателството меѓу нашите граѓани, напиша Заев на ФБ.