дома Политика Заев со eвтини мapкeтинг пoтeзи caкa дa ja иcпepe kaтacтpoфaлнaтa paбoтa нa...

Заев со eвтини мapкeтинг пoтeзи caкa дa ja иcпepe kaтacтpoфaлнaтa paбoтa нa cвoитe лoкaлни фyнкциoнepи

Да се потсетиме, оваа власт дојде со ветување дека „нема да бидеме исти“. Очигледно, нивното пазарџиско владеење се разликува од виденото претходно, не по тоа што успеаја фанатично да се зафатат со работа – ко што итаа кон запоседување на власта, туку по тоа што ги унапредија востановените популистички пракси на владејачките структури.

Евтини ПР-ски потези, без некој голем ефект кон реалната политика, но со експлозивен интензитет во медиумските спреги се:

– Задолжителниот отпис на каматите од страна на доверителите, како и репрограмирање на долговите и трошоците на јавните претпријатија докажува во каква катастрофална состојба се наоѓаат јавните компании во моментов. Со години трупаните долгови на јавните претпријатија, кои можеа да се анулираат со домаќинско работење, конечно ќе се оттргнат како товар преку отпис на каматите и репрограмирање на истите. Буџетот ќе се намали, ама ќе се даде простор јавните претпријатија пред изборите апсолутно да се насочат кон популистичко претставување на нивната програмска работа, која сигурно нема да биде со посакуваниот интензитет.

– Финансирањето на ЕЛС ќе се врши преку тоа што општините ќе ги планираат сопствените буџети со пораст од најмногу 50% од просечно остварените приходи во последните три години, кое одлично и законски се вклопува, за власта да може да манипулира со средствата на праг пред избори. Ковид кризата се користи за да се проектираат мегаломански буџети, без покритие и со можност да се создаваат нови долгови на локалните самоуправи. Така, Владата и во иднина ќе може да си измислува закони за простување на долгови и камати на ЈП и ЛС, затоа што со ова законско решение, во име на изборите се овозможуваат поголеми, непродуктивни и популистички трошоци.

– Пренамена на блок дотациите, кои општините ги заштедиле од минатата година, исто така е една нејасна и нереална законска мерка, која нема да помогне да се реализираат ветените проекти, кои три години се во чекалната на изборните програми. Оваа имитација на понудена рака за унапредување на животот во општините е само атрактивно формулирана реченица, поради медиумски интерес за истата.

Во суштина, како и секоја претходна година, така и оваа ќе имаме промотивни, а не продуктивни решенија. Но, и Премиерот си кажа. Не е задоволен од неговите локални функционери, кое се разбира мора „да го испере“ со низ од т.н. мерки, кои ќе помогнат да се сокријат локалните баханалии.