дома Политика ЗАЕВ СПРЕМЕН НА ПОВЕЌЕ ОТСТАПКИ: Можна нов средба помеѓу Заев и Ципрас!

ЗАЕВ СПРЕМЕН НА ПОВЕЌЕ ОТСТАПКИ: Можна нов средба помеѓу Заев и Ципрас!

Грчките медиуми не ја исклучуваат можноста за нов состанок меѓу македонскиот премиер Зоран Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас.

„Хуфингтонпост”, повикувајќи се на дипломатски извори, предупредува за интензивирање на разговорите, не исклучувајќи го дека до средината на февруари, ќе биде изготвен нацрт-меѓународниот договор за решавање на спорот околу името на Македонија.

Според Huffingtonpost, почетокот на март може да биде одлучувачки, кога и се очекува да се знае исходот од разговорите за името. Повикувајќи се на дипломатски извори, грчките медиуми известуваат дека грчката влада е за предлогот “Горна Македонија”, додека македонската за “Нова Македонија”.