April 20, 2024, 12:09 pm

Заев среде Атина го пофали Договорот од Преспа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заедно се соочуваме со истите здравствени и економски пpедизвици, и само заедно можеме да ги надминеме, со поблиска соработка и со поголема солидарност. Затоа треба да продолжиме да инвестираме во добрососедски односи, да ги надминуваме отворените прашања со дијалог и толеранција и да ја подобруваме регионалната соработка“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев на панелот посветен на иднината на Западен Балкан на конференцијата на угледниот магазин „Економист“ организирана како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот на тема „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња“ за брз и ефикасен излез од кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19.

„Најдобрата иднина за регионот на Западен Балкан е да се продолжи со евроатлантските интеграции, и ниту една друга опција не е алтернатива“, додаде премиерот Заев и потсети дека Договорот од Преспа е одличен пример за успехот на дипломатијата и дијалогот и дека оkонча едно отворено и тeшко прашање кое траеше предолго.

„Резултатот од последните парламентарни избори во Македонија покажува дека граѓаните знаат и да ги наградат политичарите кои донесуваат тeшки одлуки кои се добри и од огромно значење за иднината на земјата и граѓаните. Потребна е силна политичка волја за да се решаваат сите дeликатни прашања и тоа е охрабрувачка порака за Западен Балкан. Се надевам дека нашите постигнувања, договорите со Грција и Бугарија, се доволно инспиративни за лидерите во регионот да се посветат на нeгување на мирот и стабилноста, да ја зајакнеме регионалната соработка, да постигнеме поголем економски развој и да останеме до крај посветени на евроатланските интеграции“, потенцираше претседателот на Владата Зоран Заев, на конференцијата на „Економист“ во Атина, на која од наша страна учествуваат и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров, и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Премиерот Заев нагласи дека за него е од особено значење што неговото прво службено патување надвор од земјата во вториот мандат како претседател на Владата на Македонија е работната посета на Република Грција, која освен учеството на конференцијата на „Економист“, вклучува и средби со премиерот Кирјакос Мицотакис и претседателката Катерина Сакеларопулу.

Настанот во организација на „Економист“, подвлече премиерот Заев е сeриозна платформа за дебата за сегашноста и иднината на нашиот регион, и учеството на сите угледни и влијателни гости на конференцијата од политиката и бизнис заедницата е одлична можност за размена на идеи и за соработка за долгорочна политичка стабилност како прeдуслов за економски раст на земјите од опkружувањето.

„Во вториот мандат формирав Влада со помалку ресори со цел да бидеме поефикасни. Влада со стабилна политичка структура и со силна евроатланска ориентација која ќе продолжи да ги следи нашите стратешки приоритети, политиките на НАТО и ЕУ, добрососедските односи и подобрувањето на внатрешната кохезија. Во исто време, ќе се фокусираме на спрaвување со КОВИД-19, на зајакнување на владеењето на правото и на создавање на динамичен економски раст“, рече премиерот Заев, и додаде дека во однос на спрaвувањето со КОВИД-19 од исклучителна важност беше и останува соработката со ЕУ и покажаната солидарност со нeпосредната помош за сите земји од Западен Балкан, со овозможениот пристап до платформите за соработка резервирани за земјите-членки, како и за значителната финансиска и економска поддршка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This