дома Македонија Заев: ТИРЗ бележи рекорден квартал со највисоко ниво на економски активности

Заев: ТИРЗ бележи рекорден квартал со највисоко ниво на економски активности

Извозот во вториот квартал од 2021 е 763 милиони евра, што е за 140 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2020 година, соопшти премиерот Зоран Заев преку објава на Фејсбук.
Тој информира дека во ТИРЗ воедно е зголемен бројот на нови работни места, како и дека се очекува трендот да продолжи и во наредните месеци.
-За 7,12 отсто е зголемен бројот на нови работни места во компаниите-инвеститори во ТИРЗ, во однос на 2020 година. Очекуваме ваквиот тренд да продолжи и во наредните месеци со оглед на интензивните преговори за нови инвестиции од постојни и нови странски и домашни компании. Креираме нов развоен концепт на македонската економија што се базира на квалитетни инвестиции кои носат добивка за компаниите, за државата и за граѓаните, напиша премиерот Заев