дома Македонија ЗАЕВ ЈА ОБBИHИ ДИРЕКТОРАТА, ГРУБИ КАКО „БЕЛА МЕЧКА“: Сите одговорни да ја...

ЗАЕВ ЈА ОБBИHИ ДИРЕКТОРАТА, ГРУБИ КАКО „БЕЛА МЕЧКА“: Сите одговорни да ја надомecтат штeтaтa во МНТ

Владината одлука во врска со случувањата при прославата на јубилејот на навивачката група „Шверцери“ на 23 ноември во Македонскиот народен театар, при што беше направена штета во националната установа, е комплексна и се работи за насоки од Владата кон министерот за култура. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека одлуката е прво да се надомести штетата од сите оние кои се одговорни за неа.

Тој нагласи дека министерот за култура ќе поведе дисциплинска мерка против директорката, која имала само усна комукација со организаторите на настанот, која не ја формализирала.

– Има препорака од страна на Владата, но министерот согласно правилник и законски надлежности ќе ја донесе конечната одлука, поради тоа што тој е надлежен во делокругот на таа постапка. Но, Владата изрази јасна волја дека мора да има санкции за одредени непроцедурални постапувања – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по означувањето на почеток на градба на новата зграда наменета за Одделот за крим техника вклучувајќи и форензички лаборатории за потребите на МВР.