дома Македонија ЗАЕВ ЈА СЛАВЕШЕ „СЕВЕРНА“ КАЈ РАМУШ: Зоран Заев со семејството и најблиските...

ЗАЕВ ЈА СЛАВЕШЕ „СЕВЕРНА“ КАЈ РАМУШ: Зоран Заев со семејството и најблиските ја прославува продажбата на името на Косово со Харадинај!

Првото кафе надвор од Македонија, Зоран Заев реши да го испие со Рамуш Харадинај – човекот за кој сегашниот премиер на „Северна Македонија“ на Мендух Тачи преку СМС пораки го информираше дека „го спремале од горе“ заедно со Рама. Заев, очекувано ја прослави „Северна“ заедно со неговото најблиско семејство во домот на Рамуш Харадинај на Косово

„Денеска се сретнав со мојот колега од Република Северна Македонија, Зоран Заев, кому му честитав за успешното завршување на Преспанскиот договор, гарантирајќи му на народот и соседната држава јасна евро-атлантска перспектива. Косово останува посветено на градење стабилен регион и во тој поглед односите со официјално Скопје се одлични.“ – напиша Рамуш Харадинај.

Инаку, Харадинај беше човекот кој организираше државни пoгpeби за тepopиcтитe од Диво Насеље, на Косово.