дома Македонија ЗАЕВ: Ќе ги декласифицираме документите за преговорите за името ако постои можност

ЗАЕВ: Ќе ги декласифицираме документите за преговорите за името ако постои можност

Премиерот Зоран Заев најави дека ако постојат законски можности ќе им препорача на институциите да бидат декласифицирани документите од преговорите за името со Грција, од 1992 година до склучувањето на Договорот од Преспа.

– Ако постојат можности во соодветен момент којшто не би нанел штета на државата ниту на односите со Грција, лично би им препорачал на институциите да ги декласифицираат и објават податоците, рече Заев во одговор на прашање од пратеничката Нола Исајловска Старова. – Ако објавиме ќе објавиме се што постои секако ако тоа е возможно и со тоа мислам дека ќе им помогнеме на граѓаните да им биде полесно во целата постапка знаејќи се што се случувало наназад и се што се случуваше во конечниот дел од разговорите, дополни Заев.