дома Македонија ЗАЕВ ЌЕ ГО ПРЕЧЕКА БОРИСОВ ВО СТРУМИЦА:Заедничка седница на владите на Македонија...

ЗАЕВ ЌЕ ГО ПРЕЧЕКА БОРИСОВ ВО СТРУМИЦА:Заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија во Струмица

Владите на Република Македонија и Република Бугарија денеска во домот на АРМ во Струмица ќе ја одржат првата заедничка седница.

Заседанието ќе почне со разговори меѓу двајцата премиери Заев и Борисов, по што ќе следи пленарната седница.

Се очекува да бидат потпишани неколку документи за билатерална соработка во областа на надворешната политика, инвестициите, енергетиката, одбраната и туризмот.

Ова е прва меѓувладина седница, а во декември во Подградец е договорена и заедничка владина седница меѓу Албанија и Македонија.

За време на посетата на премиерот Заев на Белград договорена беше и заедничка седница со владата на Република Србија, која би требало да се одржи на крајот на февруари или на почетокот на март идната година.