April 24, 2024, 10:34 pm

Заев: Ќе има промена на начинот на работење и менталитетот на партиите во земјава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денешниот Конгрес на СДСМ го отвори лидерот на партијата Зоран Заев кој во 20 минутно обраќање зборуваше за предизвиците со кои се соочила партијата во изминатите четири години, но и успесите кои ги постигнала, нарекувајќи ја во неколку наврати партијата државотворна и гарант за узпех на државата. Заев секоја успешна политика на СДСМ како на намалување на невработеноста, подигање на стандардот на граѓаните, унапредување на економијата, реформите во судството, борбата против корупцијата, ја споредуваше и потсетуваше на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ја деструктивна партија, пренесува ТВ Телма.

„За нас, за мене, немало мирен мандат, немало мирно море. Не сум го ни очекувал тоа. Имало само пoстојана битка за доброто на нашата земја, за нашиот народ. Ние од почеток се боревме на два фронта истовремено: на надворешен план, мораше да се решаваат наследени децениски проблеми, прашања за кои никој не собрал храброст да ги решава речиси 30 години, од осамостојувањето на нашата држава… На внатрешен план, од првиот ден кога почнавме да ја водиме Владата, ние сме соочени со целосно деструктивно водство на опозицијата, со истата режимска матрица која прави се` за да ги спречува реформите, која прави се’ за да нема правда, да нема напредок, која блокира, кочи и го поткопува секој чекор кон подобро живеење“, рече Заев.

Заев во обраќањето најави и дека ќе има и нови политика на партијата за промена на начинот на работење и менталитетот на партиите во земјава која ќе се реализира преку пет столба – обновување на досегашната кадровската понуда, но без откажување од претходните, целосно ангажирање на капацитетите во борба против корупцијата и криминалот, охрабрување на различно мислење и почитување на туѓи ставови, градење на СДСМ за новото време поточно млад СДСМ и поттикнување на мотивациата на граѓаните.

Заев беше избран за претседател на партијата на непосредни партиски избори на 21 март на кои беше единствен кандидат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This