дома Политика Заев ќе отвори нов клacтaр на зapaзени со избoрите во Штип

Заев ќе отвори нов клacтaр на зapaзени со избoрите во Штип

Власта предводена од Зоран Заев се појасно е дека ќе отвори нов клacтер на заразени откако вчера официјално СДСМ преку онлајн седница на Извршниот одбор го избра актуелниот пратеник Сашко Николов за кандидат за вонредните локални избори во Штип.

Предлогот на Извршниот одбор за кандидат за градоначалник на Штип, според статутарните одредби ќе биде доставен до општинската конференција на ОО СДСМ Штип, а ова е уште еден доказ дека власта не се откажува од изборите во декември кога се очекува поголем број на зapазени, но и починати.

Инаку СДСМ изборот на кандидатот го имаше вчера, црниот ден во Македонија кога беа регистрирани рекорден број на починати лица.

Вчера беа регистрирани 24 починати лица, додека заразени беа 913 лица, а само во Штип се евидентирани 18 лица.

Од почетокот на пандемијата во Штип се регистрирани 1.746 заболени лица, а во моментов активни се 309.

Јавноста на големо коментира и дека овие бројки доколку би се одржале изборите можеби би биле далеку од црни…

Вонредните избори во Штип се закажани за 13 декември.