дома Македонија ЗАЕВ ЌЕ РАКОВОДИ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Премирот си го најави министерското...

ЗАЕВ ЌЕ РАКОВОДИ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Премирот си го најави министерското место за време на техничка Влада

Заев ќе раководи со Министерството за финансии до формирањето на техничката влада, одговори премиерот на пратеничко прашање во Собранието.

Премиерот Зоран Заев ќе раководи со министерството за финансии до формирање на техничка влада односно 100 дена пред одржување на парламентарни избори. Во одговор на пратеничката Лилјана Кузмановска Заев најави дека намерата му е дотогаш да спроведе конкретни економски мерки кои ќе имаат директно влијание врз животниот стандард на граѓаните.

Премиерот прашан и за наводите дека сопственик на еден медиум придружуван од висок функционер на власта вршел рекет врз бизнисмени, поранешни и сегашни функционери тема на пратеничките прашања во Собранието.

Заев вели допреле овие гласини до него и информираше дека истрага се води, а разговарал и со дел од лицата кои се споменуваат.

Од Јавното обвинителство велат кај нив досега не е отворен предмет, но внимателно се следат сите информации поврзани со оваа афера. Кога ќе обезбедиме доказ за конкретно кривично дело ќе биде отворена постапка, велат од обвинителството.