дома Политика Заев ќе седи дома по пиџами, додека народ умиpa по болници, регионот...

Заев ќе седи дома по пиџами, додека народ умиpa по болници, регионот се снабдува со вакцини

Тажната реалност говори дека земјава последна ќе се снабди во вакцини против корона. Вчера Заев призна дека нема план и дека можеби бугарските вакцини со кои се пофали дека се донација, а кој најверојатно се со симболична бројка ќе стасале до месец март, се вели во соопштението на ВМРО-дПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека има информации и дека иако била понудена помош за снабдување со вакцини Заев од неразбирливи причини не ја искористил.

-Од друга страна Србија започна со вакцинирање на населението, истото за скоро ќе го направи и Бугарија и Грција. Додека државите засилено работат за обезбедување на вакцини Заев објасни дека новогодишните празници ќе ги поминел во пижами. Немаше потреба тоа да го каже затоа што изгледа премиерот Заев е 365 дена во пижами неработејќи ништо корисно. Пижама премиерот Заев не обрнува внимание на тоа што народ умира по болници и ходници, што за земјава нема вакцини, што нема доволно услови за борба против пандемијата. Ако владата не е способна да обезбеди вакцини против корона тогаш прашањето е за што ги трошат парите на граѓаните? Неспособноста на Филипче и Заев нема граници. Ќе беше вистинско чудо доколку обезбедеа вакцини против корона во разумен рок. Практично нивната неспособност народот го чини здравје и загубени животи, стои во соопштението на партијата.