дома Македонија ЗАЕВ ЌЕ СКИЈА, ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ЌЕ ГО ЧУВА: Засега нема потврда во кој...

ЗАЕВ ЌЕ СКИЈА, ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ЌЕ ГО ЧУВА: Засега нема потврда во кој туристички центар ќе зимува Заев

Премиерот Зоран Заев за време на зимскиот одмор во Германија ќе користи службено обезбедување, соопшти прес-службата на Владата. Оттаму додаваат дека трошоците му се платени од негова приватна сметка.

Претседателот на Владата е во приватна посета на Германија и користи слободни денови. Сите трошоци за авионски билети, хотелско сместување и сè поврзано со престојот се целосно во приватна режија покриени од страна на премиерот Заев. Заедно со премиерот во согласност со законите по службена должност е присутно и обезбедување, гласи потврдата што ја доби „Фактор“ од прес-службата на Владата.

Засега нема потврда во кој туристички центар ќе зимува Заев, но се претпоставува дека тој нема да му откаже верност на скијањето како негова омилена туристичка активност.