дома Политика ЗАЕВ ЌЕ СТАВА МИНИСТРИ КОИ СЕ ЗАКАНУВАА СО КРВ ПО УЛИЦИ: Едмонд...

ЗАЕВ ЌЕ СТАВА МИНИСТРИ КОИ СЕ ЗАКАНУВАА СО КРВ ПО УЛИЦИ: Едмонд Адеми-човекот што бараше крв по улиците прв избор за министер на Заев!

Зоран Заев во „легендарното“ гостување на албанската телевизија „ТВ 21“ околу која кружеа голем број на интриги во врска со сопствеништвото и начинот за финансирање на истата, покрај многуте понижувања кои што ги изрече на сметка на македонскиот народ како што е квалификацијата за „грдото лице на македонецот“ и веќе потврдениот од него став за двојазичност на целата територија на Македонија, тој додаде и дека за иден министер го подготвува про-исламистичкиот фундаменталист Едмонд Адеми за министер

Едмонд Адеми е член на ИО одбор на СДСМ и близок соработник на Оливер Спасовски, кој за време на протестите на опозицијата преку својот фејсбук профил повикуваше на насилства и пролевање на крв на улиците. „Дур не се пролее крв по улици, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува!“ , беше еден од неговите статуси, кој беше осуден од целокупната јавност.

За разлика од граѓаните, Заев за Адеми има сосема друго мислење:

„Благодарам на прашањето, јас можам да ви наведам и неколку имиња кои што ќе бидат министри во идна Влада, Едмонд Адеми е еден од тие заради тоа што ми е прв соработник, пример го кажувам директно, член на извршен одбор на партијата, навистина високо котира иако гледате дека кај нас органите и телата гледате како транспарентно ги носат одлуките. Огромни се неговите шанси тој е еден од 18 члена кој што одлучуват кај нас во партијата, со него зборувавме да бидеме робусно влезени во егзекутивата.“ рече Заев.

Имено, Едмонд Адеми важи за близок до про-исламистичката фундаменталистичка иделогоја, што на неколку пати беше потврдено. Имено, Адеми безусловно застануваше во поддршка на насилствата по улиците, но и бил жесток при партиските расправии во врска со листите за кандидати на партијата. Неговиот проблем бил што немало Албанец на клучно место на листите, а како што дознаваме Адеми се заканил до раководството на партијата дека „нема лесно да поминат“. Неколку дена подоцна, Заев јавно на телевизија му вети министерско место.

Адеми како и Зекири исто така се поврзуваат и со скопското криминално подземје, но и како врска помеѓу Заев со криминално-терористичкото подземје во Косово. Неодамна беа објавени и фотографии од тајните средби на кои токму Зекири преговарал со познати и осудувани криминалци и терористи од Косово, како и оџи кои го пропагираат вахабизмот.

Не е прв пат во СДСМ високо да котираат луѓе со антидржавни и антимакедонски ставови. Останува непознато дали Заев има намера да го постави Адеми на министерската позиција во МВР, и да ја исполни долгогодишната желба на криминално-терористичкото подземје во Македонија, конечно да завладеат и со полицијата.